Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска се сретна со Н.Е. Амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, првиот Секретар и заменик Амбасадор Алесио Ликуори, професор по италијански јазик при Катедрата на УКИМ и Оддел за култура при Амбасадата, Марко Пешетели. На денешната прва официјална посета на Амбасадорот на Општина Куманово, Градоначалникот Димитриевски му посака успешна работа, се заблагодари за посетата и доприносот во изнаоѓање заеднички решенија во повеќе области. Беше потенциран образовниот процес и начинот на изучување на италијанскиот јазик, како и развојот на новата индустриска зона Новини и Речица. Градоначалникот и Амбасадорот разговараа и на други теми кои што се актуелни и во Општината и во државата а имаа средба и со професорите по италијански јазик од општинските училишта.