Првиот ден Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 13-ти мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)