Презентирани резултати од проект за интернет насилство

Дневниот центар за лица со интелектуална попречeност „Порака наша“  деновиве ги презентираше резултатите од реализираниот проект  „Едукативна подршка на лица со интелектуална попреченост –жртви на интернет насилство и криминал“ . Во текот на имплементацијата на проектот издадена е Публикација, направена е дата база со правила за безбедност, материјали за едукатори/наставници, материјали за лица со интелектуална попреченост и Водич за полицијата, информира координаторот на проектот Фросина Симоновска, дефектолог во „Порака наша“

– Публикацијата која што е издадена и е индикатор дека и лицата со интелектуална попречност се жртви на интернет насилство. Тоа се студии на случаи вистински напишани од лица со ип каде што самите изјавуваат како и на кој начин станале жртви на интернет криминал. Исто така на веб порталот можат да се најдат материјали како за наставниците и едукаторите во дневните центри, така и за самите лица со ип. Направивме една дата база каде што има преведени правила за безбедност за да можат наставницте да превенираат интернет насилство, а доколку веќе се случило како да дадат поддршка. Она на што посебно сме горди е водичот за полицијата, кој моментално е само во англиска верзија, меѓутоа ќе биде преведен и содржи многу корисни информации за сите полициски службеници кои што се вработени во СВР Куманово, а ќе гледаме истиот да биде деелгиран низ целата држава, што значи дека овој проект ја оправда својата цел. Оттука натаму ќе работиме на одржливост на проектот, изјави Фросина Симоновска, координатор на проектот

Целта на реализираните активности е подигање на јавната свест дека лицата со интелектуална попреченост можат да бидат и се жртви на интернет насилство, посочува Симоновска.

-Целите на овој проект се насочени како кон самите едукатори така и кон самите наставници со цел самите информации кои што ќе ги добијат од овој проект да ги инкорпорираат во нивните едукативни програми, а самите лиса со и.п. да зајакнат за да можат да бидат онлајн безбедни. Она што порака наша го работеше во изминатите две години ,тоа е подигање на јавна свест дека лицата со интелектуална попреченост можат да бидат и се жртви на интернет насилство, работевме со самите наставници, едукатори, вработени во дневните центри со цел да дадат поддршка кога веќе имаат корисник или дете кое што е жртва на интернет насилство, особено чест е што преку овој проект воспоставивме соработка со СВР Куманово, односно полицијата, изјави Симоновска. 

Проектот „Едукативна подршка на лица со интелектуална попреченост –жртви на интернет насилство и криминал“ започна да се имплементира на 15-ти октомври 2017 –та година и ќе  трае до 15-ти октомври 2019-та годинава.  Финансиран е од Еразмус плус програмата КА2 –клучна  акција- стратешко партнерство. „Порака наша“  овој проект го реализираше заедно со невладини здруженија од Република Полска, Чешка, Португалија и Белгија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)