Презентирано културното наследство на Србите

Во организација на културно- информативниот центар на Србите во Македонија „Спона“,  а во соработка со „Коло на српските сестри“  од Куманово вчеравечер преку старите занаети, везот, обичаите за слава, традиционалната српска храна беше презентирано дел од културното наследство на Србите. Презентацијата се одржува со цел да се сочува културното нематеријално богатство на Србите, кое опстојува низ вековите, а денес поради модерниот начин на живот, почнува се` поретко да се практикува. Преку вакви и слични настани се потсетуваме често на тоа како да се биде чувар на богатата српска традицијата, посочуваат  од „Спона“ .

-Крсната слава е слава која се слави дома, домаќините ги пречекуваат гостите. Славата  се пренесува по машка линија, таткото на син ја остава славата во наследство, рече Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и претставник на „Спона“.

„Со претставување на овие типови на културното наследство, се чува историјата, културата и традицијата кој го предизвикува чувството на идентитетот кај еден нардот. Ова се само дел од културните различности, кои ги содржи автентичната култура на Србите“ додава организаторот.

На територијата на Куманово, за зачувување на културното наследство на Србите се грижи здружението „Коло на српските сестри“, кое што официјално постои од 1999-та година.

-Овде една наша членка везе, друга плете, а трета хекла. Тоа е доста зачувано на просторите на Куманово и во јужна Србија, во некои села. Ние презентираме рачни изработки кои што се стари повеќе од 100 години, рече Живка Христовска, „Коло на српските сестри“

Културно –информативниот центар  „Спона“ е формиран во 2005-та  година, како самостојна, невладина и непартиска организација, поради зачувување на националниот и културниот идентитет на Србите, кои што живеат на територијата на Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)