На сцената на Центарот за култура вечерва ќе се одигра претставата на Драмски театар Скопје „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов во рамките на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија 2026“.
„Болва в уво“ е една од најпознатите фарси на францускиот драмски автор Жорж Фејдо, а во постановката на Драмски театар Скопје е претставена како приказна за сомнежот, недоразбирањата, заменетите идентитети и хаосот што се создава кога ликовите зборуваат, но не се слушаат меѓусебно.
Утревечер пак, љубителите на комедијата ќе имаат можност да ја проследат претставата „Покондирена тиква“ во режија на Милан Караџиќ на Народно позориште Приштина.