Секторот за внатрешни работи информира дека вчера во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода двајва жители на Куманово на возраст од 35 и 42 години. Тие се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет нападнале 29-годишен сограѓанин и му одзеле мобилен телефон. Двајцата разбојници биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.