Приведен крадец во Куманово, фатен на дело

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(41 година) од Куманово. Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на улица „АВНОЈ“ . Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)