Приведен криумчар, превезувал седум лица мигранти

Во Долно Којнаре, кумановско,вчера по 16 часот полициски службеници од Секторото за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(20 година) од Струмица.

При контрола на патничко возило „форд фокус“, со бугарска национална ознака, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

По документирање на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)