Приведен 40-годишен кумановец

Вчера попладне полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода  40 годишен кумановец, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21 септември годинава  на улицата „Индустриска“ тој со уште едно лице физички  нападнале  трето лице и му одзеле пари и мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)