Владата прогласи кризна состојба во земјава во траење од 30 дена, заради зачестената појава на пожари.
„Ова на терен значи да се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институции, Армијата, полицијата, противпожарната, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението“, кажа Марија Митева, портпарол на Владата на вчерашната прес-конференција.