Прогласена тридневна жалост поради сообраќајната несреќа во Бугарија

Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 46 македонски државјани.

За денови на жалост се прогласени 23, 24 и 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на државата, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

Коментари

коментар(и)