Сточарите од кумановско Тромеѓа, и денеска еден час го блокираа регионалниот пат Куманово-Свети Николе, барајќи да не се уништуваат нивните здрави свињи.
Сточарите протестираат од 6 декември годинава, првин го блокираа влезот на селото, а подоцна се префрлија на регионалниот пат, на клучката помеѓу двете населби.
Велат дека околу нивното село нема шума и нема контакти со диви свињи. Стравуваат дека по уништувањето на свињите во кумановско ќе се зголеми цената на свинско месо и дека ќе се дозволи увоз.
Во Тромеѓа, според податоци на производителите има регистрирано помалку од 1.000 свињи.
И утре е најавен протест со почеток од 9 часот.