Промовиран филмот „Да зборуваме, моето здравје е мое право“

„Да зборуваме, моето здравје е мое право“, е насловот на филмот којшто синоќа пред присутните млади  и претставници од здравствени установи и образовни институтции, го презентираше Националниот ромски центар во рамки на проектот Унапредување на достапноста до здравствената заштита на жените Ромки“. Преку филмот се упатува порака до младите да зборуваат отворено за сексуалното и репродуктивното здравје, за ризиците, за нивните здравствени права.

-Ова кратко креативно видео е наменето да ги едуцира најмаргинализираните, вунреабилните и оние на кои што најмногу им треба да се информираат што е сексуално здравје што се подразбира под него и под репродуктивно здравје секако но и права бидејќи во нашата држава имаме институции кои работат на овие прашања но не доволно се промовираат информации и за младите но и за останатите.  Видеото ги опфаќа правата на пациентите на гинеколог на информирање имаме советувалишта сексуално и репродуктивно здравје кои не се користат доволно од страна и на младите но и на повозрасните  наша идеа е оваа чувствивтелна тема која е табу и е срамна за многумина да зборуваат и дискутираат на оваа тема да ги поттикнеме да зборуваме со луѓето во кои најмногу имаат доверба но и да ги контактираат здравствените работници кои го имаат најголемото знаење за ова прашање-изјави, Себихана Скендеровска, координатор на проектот.

Магдалена Јакимовска, адвокат вели дека пациентите недоволно се информирани за нивните здравствени права, бесплатни прегледи во јавните здравствени установи.

-Таргет група ни беа од 16 до 45 години. Со нивните права во поглед на здравјето. Конкретно за права поврзани со матичен гинеколог со бесплатни генеколошки прегледи, бесплатна бременост во Република Македонија за сексуални репродуктивно задравје за правата коишто ги имаат младите во државата –посочи таа.

Оваа активност е продолжените на програмата која НРЦ ја спроведува изминатите десет години во однос на застапуавње на здравствените права на жените Ромки, а во последните години, работи на зајакнуавње на жените во однос на чуствителните теми, како што е сексуалнотои репродуктивното здравје, пристап до превентивна здравствена заштита.