Ракометарите на Куманово поради корона кризата натпреварите во првенството го игра по турнирски модел.
За време на викендот екипата забележа две убедливи победи над тимовите на Текстилец Штип и Партизан Гевгелија со 28-19, односно 30-18. На двата натпревари најефикасни беа Тасевски со 17 и Денковски со 13 голови, но и останатите ракометарки дадоа значаен придонес во победите.
Следниот викенд нашата екипа повторно ќе настапи на турнир со наредните противници а очекувањата се дека екипата повторно ќе не израдува со нови победи.
Марјан Стошевски