Проблемот со паркирани возила на места каде што тоа не е дозволено, е дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите учесници во сообраќајот, но и проблем кој го создаваат самите учесници во сообраќајот.
Секојдневно се сретнуваат слики на: блокирани тротоари, приоди и патеки, оневозможено безбедно движење на пешаците и на велосипедистите, на лицата во инвалидски колички, на лицата со оштетен вид, на мајките со деца.
Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите, затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира безбедноста во сообраќајот да биде приоритет. ! За непречено движење на сите учесници во сообраќајот – ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!