Санкционирани 147 мотоцикли на ниво на државата

Во текот на вчерашниот ден е спроведена  зајакната акциска контрола на територијата на земјава, за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 147 возачи. Од нив, 96 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 29 возеле без возачка дозвола, пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава а санкционирани се и други прекршоци.   Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-стои во соопштението од полицијата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)