Во организација на Секторот за внатрешни работи Куманово и Отсекот за превенција деновиве се одржа финален натпревар во распознавање на сообраќајните правила и прописи. Натпреварувачи беа ученици од шесто до деветто одделение од општинските основни училишта кои што решаваа тестови од областа на сообраќајот, подготвени од авто школа од Куманово.
„Најдобрите ученици беа наградени со ваучери и благодарници за нивното учество на натпреварот. Целта на овие традиционални училишни натпревари е да се мотивираат и информираат ученниците, првенствено за нивна безбедност и заштита, да внимаваат и да стекнат сообраќајна култура“, соопштија организаторите.