-Денес, поради силниот ветер падна дрво во Соколанскиот парк. За среќа, нема повредени, но настаната е материјална штета и постои потенцијална опасност од дополнителни паднати гранки и дрвја, објави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски.
Стојановски апеира до граѓаните да избегнуваат движење низ парковите и зелените површини додека трае ова нестабилно време со засилен ветер.
-Надлежните служби се на терен и работат на расчистување, напиша Стојановски.