Слаб интерес за набавка на пчелни матици

Само неколкумина регистрирани земјоделци од кумановско кои што се сертифицирани за продажба на педигрирани матици аплицирале за набавка на пчелни матици на јавниот повик кој што беше отворен еден месец, а заврши денеска, информира раковoдителот на подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството Џабир Рамадани.

-Се појавија неколку земјоделци, до 10.000 евра се прифаќа инвестиција со 50 проценти кофинансирање од државата. Имајќи предвид дека во Куманово и кумановско бројот на пчелари е доста голем и секој ден е се поголем, а тоа може да се докаже и со една манифестација која се одржува традиционално „Денови на медот “ така што пчеларството според нашите проценки доста се развива и е во развиток и понатаму што е многу добро бидејќи пчеларите се повеќе се организирани за да преминат во органско производство на медот, кое што е тренд во последно време, изјави Џабир Рамадани, раководител на подрачно одделение на Агенција за поттикнување на развој на земјоделството

Минимум 35 пчелни семејства е условот што треба да го исполни секој земјоделец што сака да добие државна помош. За да се добијат субвенции, 600 денари по пчелно семејство, апликантот треба да биде регистриран земјоделец во Регистарот на земјоделско стопанство во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочуваат надлежните.  

-За да имаат пристап младите земјоделци до овие бенефити што ги нуди државата, за да можат да аплицираат во овие програми, за да можат да добиваат субвенции мора да бидат евидентирани во Регистарот на МЗШВ. Знам дека има многу нови не регистрирани пчелари кои што само што почнале, но многу од нив веќе се регистрирани и од нив доста аплицирале и до сега добиле од програмите на Национална програма за рурален развој мерка по пчеларство, изјави Џабир Рамадани, раководител на подрачно одделение на Агенција за поттикнување на развој на земјоделство

Рамадани посочува дека од година в година се поглем број кумановци аплицираат  и добиваат субвенции.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)