,,Снежана и Дедо Мраз” е новогодишна претстава за деца на Театар Хит од Скопје која ќе се одигра на 21 декември(сабота) во 12 часот, во малата сала на центарот за култура во Куманово.
Оваа претстава е комична бајка каде главните ликови се Дедо Мраз и омилениот лик од бајката Снежана. Ликот на Снежана е земен од истоимената бајка Снежана заради оргиналноста. Во претставата покрај Дедо Мраз и Снежана, присутен е ликот на Палавко кој е помошник на Дедо Мраз и Принцот.
Целото дејство се случува во домот на Дедо Мраз.
Низ многу комични моменти, со многу познати новогодишни песни, низ многу интеракција, децата ќе имаат можност да се дружат со јунаците од бајката и воедно до нив ќе биде упатена пораката : ,,Не е важно каков е новогодишниот подарок, важно е дека некој помислил на нас. Најголемиот подарок е радоста, среќата, мирот и другарството.”
Билети во продажба на билетара во Центар за култура од денеска, 5 декември.