Советникот Николај Павловски поднесе оставка

Советникот од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Николај Павловски поднесе оставка од функцијата, поради дозавршување на своето образование во странство. За оставката информираше на социјалната мрежа „Фејсбук“, заблагодарувајќи се за дадената можност, но и доверба од граѓаните.

За овие 10 месеци локална власт, и Советот и Градоначалникот, донесовме, важни и големи одлуки, одговорно и транспарентно во корист на вам, граѓаните. Реализиравме многу големи, капитални и значајни проекти. Јас не се сомневам и верувам дека тоа ќе продолжи да биде така и во следните 3 години и 2 месеци преостанати од мандатот кој го добивме лани на изборите-напиша тој.

 

 

Коментари

коментар(и)