Дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово испратен до медиумите:
На 27.11.2025 во 21:00 часот во СВР Куманово, С.Ѓ.(52) од Куманово пријави дека на 24.11.2025 во спортска сала на средно училиште во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.11.2025 во 08:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(63) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од куќа во Куманово со нож се обидел да ги нападне Ф.А.(42) и неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.11.2025 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.С.(58) од Куманово, затоа што истиот ден, во село во Општина Липково, со тврд предмет го нападнал неговиот брат А.С.(65) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.11.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.С.(50) од Куманово, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои постапувале по претходна пријава дека И.С. отишол во куќата на неговата поранешна сопруга и ја вознемирувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.