Со возило удрил полицаец и побегнал

Непознато лице со возило удрило во полицаец и побегнало, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Според пријавеното, синоќа по 23 и 30 часот, на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај Долно Коњаре, лице во патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства, не застанувајќи на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од Долно Коњаре. Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)