Во организација на Отсек за превенција од СВР Куманово и Општински совет за превенција на Општина Куманово, деновиве се одржа натпревар во футсал, на кој учествуваа ученици од општинските основни училишта, под мотото „Спорт ДА, дрога НЕ!”
Првата награда им припадна на учениците од ООУ „Христијан Карпош”, второто место го освои екипата од ООУ „Толи Зордумис”, а на трето место се пласираа спортистите од ООУ „Бајрам Шабани”.
„Целта на спортската манифестација е да се поттикнат учениците, своето слободно време да го користат за спортски активности, да се дружат и да создаваат нови пријателства преку спортувањето, да останат подалеку од сите негативни појави, како што се употребата на дрога, улично дилерство и слични деликвентни појави меѓу малолетни лица, кои повлекуваат строги законски мерки и казни“, соопштија организаторите.
„Спорт ДА, дрога НЕ!” – спортски натпревар во футсал
