Триесет случаи на заболени од грип во Куманово се пријавени во текот на шестата седмица од годинава, а на ниво на државата 1.306, информираат надлежните.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, во однос на возрасната дистрибуција, во земјава најголем број заболени 715 лица се на возраст од 15-64 години, а највисока инциденца (190,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Дека состојбата со сезонскиот грип е постабилна потврдуваат и лекарите од кумановската болница.
„Ако во изминатиот период имаше по 150 прегледи за време на дежурствата, последниве денови бројката е намалена на околу 50“, истакна д-р Дарко Каранфиловски од Општа болница Куманово.