Постарите жители на Куманово имаат забелешки за однесувањето на помладите, односно им приговараат дека се недисциплинирани кога станува збор за заштита од корона вирусот. Нашите сениори тврдат дека освен маска и дистанца, избегнуваат да бидат во затворени простории и додека не ја примат вакцината, ќе живеат така претпазливо.