Drop of water coming out of a metal tap with a soft background in a park of Madrid city
Три локации во Куманово денеска ќе бидат без вода, поради дефекти во дистрибутивната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збро за улицата „11 Ноември“ (од бр.1 до бр.48), булеварот „3 МУБ“ (од бр. 73 до бр. 87), како и локацијата Романовски пат.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.