Утре во Скопје ќе протестираат самохраните мајки

Самохраните мајки и еднородителски семејства утре ќе протестираат за своите права. Маршот ќе почне во 13 часот од Жена – парк до Министерство за труд и социјална политика во центарот на Скопје. Мотото на маршот е „една може!“.

– Како единствена организација која се залага за правата на самохраните мајки и еднородителски семејства со овој протестен марш сакаме да изразиме незадоволството кон сите институции кои се глуви на нашите и барањата на нашите членки! Нашата цел е да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Нашите права не смеат да бидат табу тема!– велат организаторите.

Тие исто така апелираат да се пријават и волонтери за време на протестот.

Коментари

коментар(и)