Утре јавна расправа за нацрт-текстот на ЛЕАП за општина Куманово

Јавна расправа за нацрт- текстот на ЛЕАП за Општина Куманово ќе се организира утре во кружната сала на зградата на поранешен комитет, со почеток во 11 часот.

Во периодот  2020 – 2021 година интензивно се работеше на подготовка на Локален Акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Куманово.

Заедно со претставници од Општина Куманово и заинтересирани страни беше извршена идентификација на состојбите со медиумите во животната средина преку собирање на квалитетни податоци и анкета на граѓаните на Општина Куманово што резултираше со подготовка на нацрт текст на ЛЕАП за Општина Куманово. За развивање на ЛЕАП документот беше користена меѓународно признаена методологија DPSIR која овозможи да се даде осврт на медиумите на животната средина, да се идентификуваат клучни предизвици за секој од медиумите и да се развие Акционен план со соодветни мерки за секој од предизвиците.

Локалниот Акционен план за животна средина ќе помогне во изнаоѓањето на механизми за интегрирање на заштитата на животната средина во локалниот економски и социјален развој на општината со  обезбедени услови за здрав и квалитетен живот на сегашните и идни генерации.

 

Коментари

коментар(и)