За утре е закажана педесет и четвртата седница на градскиот Совет, која ќе се оддржи во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот. Се очекува расправа по финанскиот извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“, годишниот извештај за настани и манифестации на Фондацијата за култура и спорт, но и неколку предлог-одлуки за дополнување на деталниот урбанистички план на неколку улици. Следете го преносот во живо на ТВ Плус.