Утре ќе се одржи седница на Советот

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која советниците ќе расправаат за 33 точки од предложениот дневен ред. Полициската станица од општа надлежност Куманово ќе ги информира советниците за преземените мерки и активности во текот на минатата година, а годишен извештај за работа и финансиските извештаи на приходите и расходите за 2019-та ќе бидат презентиран од надлежните во јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“. Советниците ќе расправаат и за годишниот извештај за настани и манифестации на Фондацијата за култура и спорт Куманово за изминатата година, за предлог -решениетоза давање согласност на Правилникот за измена на Правилникот за начинот на стекнување и распределба на средствата во средното техничко училиште  „Наце Буѓони“. Ќе бидат разгледани и Извештајот за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за периодот од 01.10.2019 до крајот на годината, како и извештаите за финансиско работење и за работа на истото претпријатие од јануари до 31 декември 2019-та. советниците на утрешната седница ќе имаат можност да дискутираат и во однос на деловно финансиското работење на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, за работата на „Водовод“ во текот на минатата година и за годишната сметка и финансискиот извештај на ЈП „Куманово – гас“ за 2019 година, за финансиското работење на Куманово план за 2019-та и за финансискиот извештај за работа на „Пазаришта“. На седницата ќе се расправа и за предлог – завршната сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2019 година, годишниот извештај на општината за минатата годинам а ќе биде презентирана и информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2019 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)