Фестивал Кокино- Тврдина на Сонцето

Третото издание на мултимедијалната културна манифестација КОКИНО – Тврдина на сонцето ќе се одржува годинава и тоа прв пат со тридневна програма до 10 до 12 септември, на мегалитската опсерваторија Кокино. Концерти, едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, дебати, изложби, театар – сѐ од КОКИНО: Тврдина на Сонцето. Присуството на настанот е бесплатно, но поради специфичноста на локацијата настанот ќе биде организиран со строго ограничен капацитет и регулиран пристап до локацијата со возила поради што ќе биде организиран автобуски превоз и посебен паркинг за автомобили. Билетите за автобускиот превоз ќе чинат 50 денари, а иста цена, ќе чини и пропусницата за пристап со сопствен автомобил до организираниот паркинг-простор.

 

Коментари

коментар(и)