Физички нападнат вработен во ЈП „Куманово Паркинг“

Четириесет и едногодишен жител на село Режановце, во кумановската полицијата пријавил дека на работното место во јавното претпријатие Куманово паркинг, на улицата „11-ти Октомври“ бил физички нападнат од Е.А. од село Черкези, кумановско, а друго лице му оштетило личен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)