Филипче очекува до крајот на јуни да стигнат 600.000 вакцини

Процесот на вакцинација е забавен бидејќи нема доволно вакцини. Динаминката ќе се промени, кога ќе стигнат „Синовак“ од Кина и 100 илјади од „Фајзер“ преку ковакс-системот. Ова во тврди министерот за здравство, Венко Филипче, според кого, до крајот на јуни, 600 илјади вакцини треба да се пристигнати во Македонија.

-Нашата последна информација е дека 100 илјади вакцини на Фајзер преку ковакс-системот ќе стигне на 28 јуни, а на 27 или 28 јуни, половина од кинеските вакицини ‘Синовак’ и останатата половина до вкупно 500 илјади, до 30 јуни“, вели Филипче.

Тој најавува дека наскоро, откако сите ќе добијат термини, граѓаните ќе можат и без термин да одат и да се вакцинираат на пунктови.

Коментари

коментар(и)