Финансиска помош за семејствата на загинатите полицајци

Грант од 90.000 денари ќе добијат семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во полициската акција, која што се случи на 9-ти и 10-ти мај во Куманово. Хуманитарната организација „Мајка“, во соработка со Општина Куманово, има за цел во пресред на големиот македонски празник, 2-ри август, да им одаде почит на загинатите бранители, но и на некој начин да им олесни на нивните семејства.

Од хуманитарната организација Мајка, која постои од 1992 година истакнаа дека со овие парични средства нема да ја надополнат загубата на семејства, но се надеваат дека барем ќе задоволат некои нивни потреби.

-Особена бладарност до Општина Куманово и градоначаникот што ни овозможи контакти со збратимените градови и најголема благодарност до Општина Бјелина која уплати парични средства на жиро сметка на Мајка. Сакам уште еднаш да им  искажам почит на сите осум загинати припадници на МВР, кои ги дадоа своите млади животи за да живееме ние слободно денеска-изјави претседателката на организацијата Лидија Илиевска.

Инаку покрај донациите од братските градови на Општина Куманово, на оваа акција и дадоа поддршка и невладини здруженија и поединици.

-Направивме средба со семејствата на загинатите припадници на МВР, кои ги загубија животите во немилите настани на 9-ти и 10-ти мај. Ја користам оваа прилика да изразам голема благодарност за соработката со неволадините, пред се на Мајка која е секогаш тука во вакви случувања-нагласи градоначалникот Зоран Дамјановски.

Од организацијата наведоа дека и во иднина ќе продолжат да им  помагаат на луѓето кои што се во неволја.

Коментари

коментар(и)