Се одржа „Бдеење на кокински мугри“

На мегалитската опсерваторија Кокино, рано утринава се одржа традиционалната манифестација насловената „Бдеење на кокински мугри“.

Приказната за Кокино пред присутните ја раскажа актерот Тихомир Стојановски, кој наведе дека настанот е реконструкција на паганскиот обред,кој што симболизира славење на светото спојување на небото и земјата.

Имено праисториските жители го практикувале обредот за циклично обновување на природата, со што всушност се поклонувале на небеското божество Сонцето и големата божица Мајка.

Манифестацијата со своето присуство ја збогатија и поети од Друштвото на писатели на Куманово, како и од другите градови  на Макеоднија, но и автори од Бугарија и Србија.

-Можам да кажам дека сум еден од иницијаторите за воспоставување на оваа манифестација, Кокински мугри и од првата година доаѓам овде, мислам и го следам изгреј сонцето, пишувам поезија за оваа прилика, која се објавува во алманасите кои ги објавуваме секоја година во друштво на писатели-изјaви Јаготка Томовска член на Друштво на писатели.

Археологот од кумановскиот музеј,  Дејан Ѓоргиевски истакна дека локалитетот има исклучително значење за Македонија, но и за Балканот.

Инаку манифестацијата и годинава ја организираше друштвото на писатели на Куманово и кумановскиот музеј, со поддршка на локалната самоуправа.

 

 

Коментари

коментар(и)