Во државата ќе се одбележат двата Илиндена

Државата утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена, односно 112 години од почетокот на Илинденското востание, и 71 година  од Првото заседание на АСНОМ.

По тој повод на свечената манифестација во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, ќе присуствува претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.

Манифестацијата е закажана за 10 часот, но од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните кои што ќе присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар да пристигнат до 09,00 часот, бидејки поради присуство на ВИП гостите ке биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.

Од МВР повикаа сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.

Инаку од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека согласно Законот за празници на Република Македонија 3-ти август, понеделник е неработен ден за сите граѓани.

Истовремено министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

Коментари

коментар(и)