Форумот на жени СДСМ со акција „Подари пакетче, подари радост“

Форумот на жени СДСМ Куманово утре во трговскиот центар Сума од 12 до 17 часот организира хуманитарен настан под мото „Подари пакетче, подари радост”.

-Ги покануваме сите хумани луѓе да се вклучат и донираат пакетчиња. Собраните пакетчиња ќе бидат донирани во Црвениот крст Куманово од каде ќе бидат подарени на деца од социјално загрозени семејства. За секое донирано пакетче подаруваме новогодишна честитка рачно изработена од членките на Форумот. Пакетче за секое дете-се вели во соопштението од Форумот на жени.

Коментари

коментар(и)