Во знак на поддршка на лицата и семејствата во социјален ризик, Црвениот крст на РСМ и оваа година ја спроведува кампањата „Помислете и на нас“, во рамки на „Неделата на борба против гладта“, од 16 до 22 октомври.
„Светскиот ден на храната -16 октомври, не потсетува дека секој човек заслужува пристап до доволно и квалитетна храна. Сепак, гладот и сиромаштијата остануваат сериозен предизвик, поради што солидарноста и хуманоста имаат особено значење. Преку хуманитарни акции и донации, Црвениот крст обезбедува помош во храна за ранливите категории граѓани, поттикнувајќи ја хуманоста и солидарноста во заедницата“, објави Црвениот крст на Македонија.