Чевларите од Куманово денеска го слават Свети Спиридон, заштитникот на занаетчиите. Традиционално, со сечење на колач, избирање на нов кум за следната година и осветување на иконата, чевларите и утрово го започнаа празнувањето на Свети Спиридон Чудотворец, во дворот на црквата Свети Ѓорѓи.
„Иако во моментов чевларството стагнира, ќе се бориме со сите сили Куманово повторно да прерасне во чевларски град со оглед на тоа што купувачите го препознаваат квалитетот на домашното производство“, истакна Фросина Петровска, кума на денешната прослава и сопственичка на компанијата Глечер, која повеќе од две децении претставува симбол на традиција, квалитет и посветеност во производството на чевли.
За нов кум на прославата на празникот Свети Спиридон е избран Александар Масевски, еден од сопствениците на „Мас сјај“, кумановска фирма со триесетгодишна традиција.