Шаховскиот клуб Куманово го доби претседателот што го заслужува. Тоа е нашата сограѓанка Сања Трајковска, пасионирана и успешна шахистка. Таа ќе биде опкружена со искусни и признаени шахисти во Управниот Одбор на клубот, а се надева и дека наскоро ќе се тактизира на шаховската табла во простории што доликуваат на постоечките и членовите кои допрва ќе тренираат во клубот.