Денеска пред платото на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” по повод 1-ви Април–Денот на шегата, Здружението на пензионери- Куманово традиционално го одржа настанот „Шегобијна разгледница„. Во рамките на културно- уметничката програма учество зедоа членовите на пејачката група, претставувајќи се со сплет на музички нумери, рецитал и скеч. На настанот присуствуваше и Градоначалникот Максим Димитриевски.