Во просториите на општина Куманово се одржал работен состанок за изработка на прелиминарна физибилити студија за управување со поплави во Општина Куманово, објави општина Куманово.
Според објавата на официјалната веб страна на општина Куманово, на работната средба присуствувале консултантот за изработка на студијата, тим лидерот на проектот , претставници на општината, на Центарот за управување со кризи – Скопје, АД „Водостопанство”- Куманово, јавните претпријатија „Водовод” и „Чистота и зеленило” и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
Проектот се реализира преку Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, одобрен согласно со Програмата на City Climate Gap Fund, имплементирана од Светска банка и Европска инвестициона банка, во партнерство со Deutsche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ), а финансиските средства се обезбедени од донаторот.
Студијата ќе биде подготвена до крајот на февруари 2026 година, пишува во објавата.