Алфи Би компани со награди за вработените

Трговското друштво Алфи би компани од 1992 година успешно се пласира и развива на домашниот и странскиот пазар, преку пласман на бројни производи, кои со својот квалитет и иновативност придонесуваат за нивна препознатливост кај широката категорија потрошувачи. Техноцентарот кој започна со работа во 2009, годинава одбележува десет години квалитетно работење. Успешната приказна од неодамна се прошири со отворање на нови капацитети во Скопје. Ова, но и претстојните новогодишни празници, беа повод компанијата да организира забава во добропознатиот „Lounge bar Yard“, на која со благодарници и пригодни подароци, ги награди своите вработените, меѓу кои има лица со 10, 15, 20 и 25 години работен стаж.

-Првиот техноцентар Алфи Би компани го отвори тука во Куманово и сега успеавме нашиот таргет по 10 години да се појавиме во Скопје и да отвориме нов техноцентар, да имаме и таму задоволни и среќни купувачи. Нормално сето тоа Алфи би компани не ќе можеше да го направи без многуте добри вработени, луѓе кои веруваа во нас. Да не се заборави ние сме семејна компанија, среќен сум што сме во еден процент од компаниите во светот, каде што децата ја наследуваат работата на родителите. Нашата идеја да работат во Алфи би компани се оствари и тие дадоа голем придонес да се отвори тој нов простор во Скопје-истакна генералниот директор на компанијата, Гоце Серафимовски.

Компанијата која што функционира по примерот на светските трговски центри, од 2005 година е трговско друштво за вработување на инвалидни лица.

-Во моментот Алфи би компани вработува 44 инвалидни лица и се надевам дека и натаму бројот ќе расне, тие рамноправно ги добиваат работни места зависно од нивните способности и не се третирани кај нас како инвалидизирани туку како здрави лица, такви и плати добиваат, така се наградувани така што имаме и лица со инвалидитет кои работат повеќе од 10 години и тие ќе бидат наградени. Оваа година кога ја правиме прославата може да се пофалиме дека имаме огромен раст во вработување, преку 40 вработени во 2019 година и сето тоа се должи за отворањето на новиот продажен центар во Скопје.  Вкупната бројка е 115  моментално и сметаме дека ќе расте до 130 или 135 во 2020 година-дополни Серафимовски.

Главна цел на компанијата останува задоволувањето на купувачите, зголемување на асортиманот, квалитетот на производите и инвестирањето во човечки ресурси.

Коментари

коментар(и)