Делумно подобрени условите за работа на Советот

Делумно се подобрени условите за работа на Советот, кој успеа да ги замени дотраените фотелји со нови, благодарение на грант од проектот Јакнење на капацитетите на општинските совети. Во рамки на овој проект советот издејствува и средства за реконстркција на кровот во исторениот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде што настава следат децата со попреченост.

Нова опрема, мебел набави кумановскиот совет, благодарение на проектот „Јакнење на капацитетите на општинските совети“, откако доби грант од Организацијата на Обединетите нации за развој, УНДП а финансиски поддржан и од Швајцарската агенција за развој. Советот на Општина Куманово беше еден од деветте избрани од државата, кои беа вклучени во три компоненти на проектот. Во рамки на проектот советниците имаа можности да следат обуки за зголемување на знаењата од сферите на влијанието и на надлежностите на локалната самоуправа, а беше предвиден грант и за одредена инвестиција во градот, но и за опремување на салата на Советот.

-Ретка е приликата, токму општинските совети да аплицираат и да добијат некакви средства и да се изборат со квалитетните проекти. Овој пат се работи за 50.000 франци за проект кој победи на Форумите на заедниците, како најадекватен од областа на социјалната заштита, а ќе се работи на замена на покривот на училиштето, дел од училишната зграда на Браќа Миладиновци каде што учат учениците со посебни потреби, односно тие паралелки. Другиот помал дел ќе се работи на опремување на општинската сала, на подобрување на условите со замена на столиците на кои што седиме, инаку се работи за столици или фотелји кои се постари повеќе од 40 години и ете за прв пат најдовме можност да се обноват бидејќи тоа се елементарни услови кога се работи за локален парламент, а исто така ќе биде имплементирана и корисна алатка прашај го својот советник, се работи за веб платформа на која сите граѓани ќе можат да поставуваат прашања и да закажуваат средби и состаноци со кој било член на советот на општината-нагласи претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска.

Опремата се состои од 54 фотелји.

Коментари

коментар(и)