Амбасадорката на БиХ го посети градот

Амбасадорката на Република Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ денеска ја посети Општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски. На средбата тие разговараа за соработката меѓу двете држави, а акцентот беше ставен на пријателскиот однос кој го има Куманово со збратимените градови од Босна. Градоначалникот потсети на поддршка која што кумановци им ја дадоа на Бијељина и Бања Лука за време на елементарната непогода. Тој се надева дека оваа соработка ќе продолжи и во идинина.

-Тоа јасно укажува за едно почитување на традициите и на основните постолати на братските и пријателски градови и на нашата пријателска држава Босна и Херцеговина, јас денеска имав многу плодна дискусија на политички план, локалната заедница, економски развој, културата и она што ја чини соработката помеѓу Македонија и Босна пред се на релација локални лидери-локални самоуправи. Економскиот дел е нешто што се предвидува во нареден период на релација на бизнис секоторот и коморите на двете држави –истакна тој.

Амбасадорката се надевам дека културната соработка во иднина ќе ја кренат на уште повисоко ниво.

-По една година престој во Македонија дојдов и во општина Куманово која навистина има многу богата соработка со општините во БиХ. Тоа за жал се покажа во непогодите кои ја зафатија Босна и Хер овој пат Македонија. Она со што можеме да се пофалиме е културната соработка а она за што градоначалникот и јас денеска зборувавме дека соработката во стопанството може да подигне на едно поголемо ниво-посочи Бабиќ.

Таа додаде дека Босна и Херцеговина и Република Македонија немаат отворени прашања што е голема предност, за двете држави.

ambasadorka-1

Коментари

коментар(и)