Отворена манифестацијата „Денови на мед 2016“

На Градскиот плоштад утринава свечено беше отворено 16-тото издание на дводневната саемска манифестација „Денови на мед 2016“. Мед и други пчелни производи изложија седум пчелари од градот, еден од Скопје и од Берово. Претседателот на пчеларското здружение „Пчела“, Часлав Ристовски истакна дека е намален бројот на штанодви, бидејќи годинава била екстремно лоша  за производство на мед.

-Ова е пред се природен, цветен мед, класифициран има и багремов, но повеќето е ливадски, а има и шумски. Монофлорен нема, бидејќи нема големи плантажи. Куманово важи за пчеларски град, неофицијално околу 200 пчелари но во здруежнието се помалку околу 60 активни членови-истакна тој.

И останатите пчелари се согласуваат дека оваа година имаат помалку производство за разлика од лани. На саемот како и претходните години  учествуваа  и ученици од средното стручно училиште Киро Бурназ, кои поседуваат сопствен пчеларник. Манифестација за отворена ја прогласи првиот човек на градот, Зоран Дамјановски.

-Една од ретки манифестации во Куманово благодарение на здружението на пчелари Пчела секоја година сите наши сограѓани кои ја практикуваат оваа стопанска гранка на некој начин ги даваат своите експонати на Градскиот плоштад и тоа е традиција. Чест ми е што сум дел од оваа манифестација бидејќи ова здружение има една голема традиција, активност во Куманово и дава резултати во економскиот сектор со својот труд работа и производ кој е според највисоките еколошки стандарди-нагласи тој.

На отворањето со своја точка настапија и децата од градинката Ангел Шајче. Инаку саемот ќе биде отворен до  утре до 19 часот, а кумановци освен квалитетен мед, можат да купат и останати пчелни производи, прополис, полен, матичен млеч, мед во саќе

med-2

 

 

 

Коментари

коментар(и)