Ансамблот „Срма“ со концерт за 500 години Куманово

Детско-младинскиот фолклорен ансамбл Срма по повод 500 години од постоењето на Куманово утревечер ќе одржи концерт во националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. На концертот е предвидено покрај членовите на Срма, да настапат и друштва од Шведска и Република Српска.

-Очекуваме оваа година три фолклорни ансамбли, првиот е од Шведска, М.К.У.Д Гоце Делчев, потоа Васо Пегалиќ од Пелагиќ, Република Српска и третиот ансамбл е Бојаниќ од Добор, Република Српска.  Нашиот ансамбл е масовен и секоја година го презентираме македонскиот фолклор и на републички и на интернационални манифестации, фолклорни фестивали. Ансамблот се има закитено со многу награди, први места и слично. Нека дојдат граѓаните, влезот е слободен, почнува во 19 и 30 часот, мислам дека ќе бидат одушевени од настапот на сите културно уметнички друштва-истакна Марјан Бошковски од ДМФА Срма Куманово.

На манифестацијата ќе настапат над 100 играорци.

Коментари

коментар(и)