Владата информира дека заклучно со 22 ноември, доделени се вкупно 33.682 ваучери, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, 11.500 студенти веќе го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред.
Аплицирањето за студентските ваучери продолжува и понатаму преку Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk, a сите студенти имаат можност да поднесат апликација до 20 декември 2025 година, без разлика дали се или не се во евиденцијата на МОН. Процесот е едноставен, целосно дигитализиран и овозможува брзо добивање на вредносен ваучер, кој може да се реализира до 31 декември 2025 година.
