Планирани прекини на електрична енергија во Речица и Тромеѓа

Регионалниот центар за управување со кризи информира за планирани прекини на електрична енергија, врз основа на добиени податоци од ЕВН Скопје.

Според РЦУК, на први декември годинава ( понеделник) во периодот од 09 до 13 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во Речица, конкретно, дел од објектите пред млинот и дел од објектите на патот кон селските гробишта.

Во истиот период од 09 до 13 часот ЕВН Скопје најавило планиран прекин на струја во селото Опае.

Планиран прекин на електрична енергија на втори декември ( вторник) во периодот од 09 до 14 часот ќе има во селото Тромеѓа, конкретно објектите во уличката спроти игралиштето на основното училиште во селото.